Злоупотреба на емаилот на АД Пошта, не наседнувајте!

Голем број граѓани во текот на вчерашниот ден добија емаил пораки од АД Пошта на С. Македонија. Пораките се злоупотреба, граѓаните да не наседнуваат на оваа манипулација!

 

Во емаил пораката од лажна емаил адреса, каде се претставува АД Пошта на С. Македонија стои: 

„Почитуван кориснику,

Вашиот пакет не можеше да се достави во вторник, 08.02.2022 година, бидејќи не е платена царина од 10.2 MKD.

За потсетување, АД Пошта на Северна Македонија ве известува дека вашиот број на пратка RS1950317-0935 сè уште ги чека вашите упатства.

Следете ги упатствата:

Обидот за испорака не успеа: 08.02.2022 година
Очекувана испорака: 09.02.2022, 10:00 – 12:00 часот.
Корисници: АД Пошта на Северна Македонија
Износ што треба да се плати: 10.2 MKD

Потврдете плаќање на трошоците за испорака 10.2 MKD и испорака на пакет.

За да ја потврдите испораката на пакетот, кликнете овде

Ја цениме вашата регистрација и се надеваме дека ќе продолжите лесно да го поднесувате товарниот лист“.

Ако добивте ваков емаил не кликнувајте да се регистрирате и да  платите! Не внесувајте податоци! 

Од АД Пошта на С. Македонија ги известуваат граѓаните дека емаилот е злоупотреба! 

„Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.
АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта“, известуваат од АД Пошта. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани