ЗП ВЕВЧАНИ ДОМАЌИН НА 24-ТА РЕГИОНАЛНА РЕВИЈА НА ПЕСНИ МУЗИКА И ИГРИ

Во Вевчани на 19 мај 2026 година, беше празник за пензионерите од третата доба, се празнуваше од утро до квечерина.

Како што знаат и умеат Вевчани и вевчанци да се веселат на 14 јануари, денот на Св.Василиј, така и пензионерите од 8. Регион ги расвелија не само вевчанци туку и самите пензионери со одржувањето на претпоследната овогодишна 24 музичка ревија што се одржа во Вевчани на 19 мај 2026, во салата на КУД „Дримкол“. На оваа ревија учествуваа фолклористи од 8. Регион од ЗП Струга, ЗП Охрид и Дебарцас, ЗП Дебар и центар Жупа,ЗП Гостивар, ЗП Кичево, ЗП Македонски Брод, ЗП Лабуништа и се разбира домаќинот ЗП Вевчани.

Сите учесници заедно со своите претседатели на здруженијата и претседателите на комисиите за култура, направија заедничка фотографија на плоштадот во Вевчани и пееќи песни ги поканија сите во салата на КУД „Дримкол“ да ја проследат големата пензионерска музичка смотра. Публиката која беше дојдена и од соседните села ги проследија убавите културно-уметнмички изведби од споменатите здруженија.

Оваа година, културниот настан го отвори подмладокот на КУД „Дримкол“од Вевчани, облечени во колоритната моминска вевчанска носија со песна и игра.

Топли и срдечни поздрави упати претседателот на ЗП Вевчани Витомир Костојчиноски, домаќи по втор пат на ваква музичка ревија, со желба да има што повеќе вакви музички настани во текот на годината на пензионерите преку Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија. Која што ова година  одбележува два јубилејот 80 години од пензионертското организирање и 35 години од осамостојувањето на Македонија.

Од името на Сојузот на пензионерите 24 -та регионална пензионерска музичка ревија ја прогласи за отворена претседателката Станка Трајкова, која рече: Почитувани пензионери, почитивани Вевчанци, дами и господа, денес одбележуваме знзчаен,  јубилеј 80 години од постоењто на пензинерското организирање, на корисниците на пензија. Овој јубилеј е посебен, значаен, вреден бидејќи пензионерите пред 80 години започнале да се здружуваат во здруженија и сојузи. По повод овој јубилеј ги поздравувам сите пензионери  од нашата држава и присутните кои најдоа време денес на ова регинална ревија да ги споделат со нас .

По свеченото отворање на Ревијата со свои изведби настапија пензионерите од питомото градче Македонски Брод, со три песни 1.Сношти сакав да ти дојдам, 2.За една судбина, и Ој Вардаре Македонски. Пензионерите од Кичево кои настапија како трети, ги исполнија песните Моме оди низ ливада, потоа следеше свадбарски обичај, пеење на сваќата. Лабунишките пензионери се претставија со машката пеачка група која ги исполна песните, На срце ми лежи мила мамо, сношти сакав да ти дојдам и секако треба да се одбележи настапот на хумористот Шабан Адемоски со своја лична творба. Ревијата продолжи со настапот  на ЗП Дебар и центар Жупа со својата пејачка група која ги исполна песните Развивај горо зелена, и на албански јазик со песните се качив во брод и дебарски свадбарски обичаи. Гостите од Гостивар и тие настапија и со македонски и албански народни песни: идат бродовите и Јас сум се напроменила и едн Господ еден алах. Три музички исполнувања со голем аплауз од публиката имаа Струшките пензионери. Тие ја пееа псната за Струга, Ја излези либе лично и Заспала Јана Јанина. Публиката уживаше и во убавата струшка носија. Како претпоследни се прествија охридските пензионери заедно со пензионериоте од Дебарца со групата КУД „Далги“ изигрувајќи ги орота: Оро се вие мамо и старо невестинско оро како и Лакочрејско машко оро за рамо во придружба на оркестарот. И за крај на ревијата, уште еднаш се преставија домаќините од ЗП Вевчани со обичајот „Василичарско оро“ со вевчанскиот оркрстар. Накрајот претседателката на СЗПМ Станка Трајкова заедно со потпретседателот на Извршниотодбор на ЗСПМ Муртезани, претседателот на ЗП Вевчани Витомир Костојчиноски, на претседателите на здруженијата кои учествуваа на оваа ревија им доделија благодарници, како и подароци од Вевчани и направија заедничка фотографија.

Стојан Кукунешоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани