Богата програма на реномираната ликовна колонија „Вевчански видувања“

Во периодот од 24 јуни до 09 јули 2023 година, во ресторанот „Виа Игнација“, во Вевчани, ќе се одржи Дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“.

Оваа година на Колонијата свое учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.

-„Истовремено како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади дечиња и идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност. Исто така за нас доста значајна е и соработката со Шпаркасе банка, банка која посветено низ годините вложува во уметноста и културата како дел од платформата за општевствена одговорност “Шпаркасе лајф”.Во рамки на Шп-арт-клуб 10 талентирани уметници ,чии трошоци ќе бидат покриени од банката, ќе творат во склоп на Вевчананската ликовна колонија, а нивните дела понатаму ќе бидат продадени на јавна аукција и средствата ќе бидат дадени во хуманитарни цели“, информира Ефимија Угриноска Кукоска организатор н ликовната колонија.

Свеченото отворање на Колонијата е закажано за 24.6.2023 година, од 20 часот. Во знакот на долгогодишното постоење на Колонијата, на почетокот ќе му биде доделено одличието „Плакета порта“ на академскиот сликар Ставре Димитров Стадим, по што ќе следува стенд-ап шоу на добропознатиот Сашко Коцев и музички настапи на нашите легендарни Калиопи и Владо Јаневски. На нашите гости ќе им приредиме многу изненадувања и Македонска музика за душа.

Почнувајќи од 2010-та, секоја година традиционално на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани