Несекојдневна изложба во Касарна Хаб насловена „Apis Art”

На 1 јуни 2023 година. со почеток во 18:00 часот во холот на касарната Hab во Охрид, ќе се претстави  несекојдневна изложба на Проф. д-р. Филип Цветковиќ, директор на Институтот за културни истражувања во Белград којa се вика „Apis Art”.

Природата и уметноста се два неразделни ентитета, и двата ентитета имаат моменти кои ги прават тесно поврзани со раѓањето и смртта.
Уметноста како таква има слобода и преку оваа благодат ја опишува природата од многу агли. Врската помеѓу природата и уметноста се воспоставува на антимиметички начин, земањето мотиви од природата не значи целосно пренесување на нејзината форма, туку детал како инспирација за создавање на замислен уметнички ентитет. Во моментите на тоа поврзување се се менува и се создава сосема нов визуелен уметнички момент, кој е плод на несебичноста на природата и човекот кој е едно со вселената.
Црно-жолтиот мотив за природата значи опстанок, преку процесот на опрашување се создава живот, се создава се што не опкружува, се создаваме.Природата е уметност, ако не постоеше немаше да постои.

Целта на прикажувањето на мотивот на пчелата е осврт и презентација низ призмата на културата и уметноста за важноста на природата и опстанокот на пчелите во неа. За екологијата и природата не треба да се молчи, таа е дел од нас и ние сме дел од тој систем и синџир. Ајде да се грижиме за неа, тоа е единствениот начин таа да се грижи за нас. Сметаме дека оваа значајна изложба ќе придонесе за унапредуване и заштитата на пчелите, животната средина како и за продлабочување на соработката и пријателските односи меѓу двата братски народи. Нашата иднина и целата природа што не опкружува почива на здрава животна средина, информира Почесниот конзул на Р. Србија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани