Бројни спортско рекреативни настани на хуманитарната акција „За посреќно детство“

Спорт, забава, едукација, дружење, насмевки и хуманост од бројните посетители и учесници кои го исполнаа Градскиот плоштад во Охрид денес при одвивањето на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција, која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар „Др. Баткоски“ по 13-ти пат се одржува во Охрид.

Нема достапен опис.

Акцијата започна со градско дефиле-трка по улицата Македонски Просветители и Кеј Македонија, за да продолжи со натпревари во бројни спортски дисциплини: фудбал, ракомет, пикадо, вртење хулахоп, скокање со јаже, пикадо. За забавата се погрижија распеаните „Рибарчиња“, а спортскиот дух во ритамот на музиката го одржуваше аеробик сесијата со професорката Кате Бујароска. Презентации на ракометните вештини имаа  ракометните школи Вардар-Охрид и Седмерец. На градскиот плоштад свое катче имаше и Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид и Едукативниот центар на Црвен крст Охрид  „Полетарче“, а своите креативни цртачки способности ги искажаа многу дечиња во едукатиното уметничко катче.

Нема достапен опис.

Бројните посетители, од сите возрасти не останаа рамнодушни на настапите на жонглерите, штуларите, аниматори, кловнови, мимичари, магионичари, за кои, заедно со бројните вредни награди, се погрижи Стоматолошкиот центар Др. Баткоски.

Нема достапен опис.

Сите оние кои купиле учеснички број учествуваат во големата наградна игра на Црвен крст Охрид со преку 20 вредни награди кои ќе бидат извлекувани во втората половина на месец октомври, во емисија во живо. Оние кои сакаат да се дел од големата наградна игра, а не стигнале до сега да купат  учеснички број, истиот можат да го обезбедат во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 10.10.2023.

Црвен крст Охрид изразува благодарност до партнерот Стоматолошки центар „Др.Баткоски“  и сите помагатели и поддржувачи на хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.

Social profiles