Викендов ќе се одржат Струшките книжевни средби

Претстојниов викенд, во Струга, ќе се одржат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2022, една од најстарите во земјата и најпознати книжевни манифестациии од мегународен карактер.


Манифестацијата започнува, во петок, 16 септември, на терасата нод “Xотел – Београд”, со Поетска средба и учество на авторите кои допатувале од странство.
Наредниот ден, во сабота, 17 септември, поетите од земјата и светот, се селат во импресивниот амбиент на населбата Вевчани, каде, во тремот, на црквата “Св. Никола”, ќе се одржи “Поетска панорама”, насловена: „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), што е наслов на поетската збирка со творби од македонски и хрватски поети.
Застапени се вкупно 28 поети, по 14 од двете земји, додека авторите се од Охридско-струшката и Риечката ривиера.
Книгата е издадена од Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга, инаку, организатор на „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“, а во соработка со Хватското книжевно друштво „Книжевно перо“ од Риека.
Промотори се Васил Тоциновски , Димче Шипинкаровски и Мишо Китаноски.
Присутните автори од Хрватска и Македонија ќе ги читаат свои песни.
Истиот ден, во импресивниот амбиент на Вевчанските извори, ќе се одржи манифестацијата: “Поетски хепенинг”, додека на учесниците ќе им биде приреден ручек во пририда.
Истиот ден, учесниците ќе го посетат вечното живеалиште на истакнатиот поет, писател, есеист и книжевен критичар, Петко Шипионкартоски, основачот на „СТРУШКИте КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“, каде ќе му оддат почит, со полгање цвеќе и пригодно обраќање.
Попладнето, во Xотел Београд, ќе биде извршена промоција на најновиот, дваесетти број од книжевната ревија „БРАНУВАЊА“, овој пат, исцело посветена на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски.
Промотори се проф д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Мишо Китаноски
И Димче Шипинкаровски, додека модератор ќе биде Верица Мукоска.
Воедно, беседа во чест и слава на Петко Шипинкароски ќе одржи новинарот и публицист Мишо Китаноски.
Истовремено, ќе се изврши доделување на Наградата за ,,ЖИВОТНО ДЕЛО” за 2022 година, која му припадна на новинарот во пензија од Струга, Наум Бајо, како и на Наградата за „ПОСЕБНИ КНИЖЕВНИ ОСТВАРУВАЊА ОД СТРАНСТВО“, за 2022 година, годинава, доделена на Никола Шимиќ Тонин, од Задар Хрватска.
Наградите се доделуват во чест на Петко Шипинкаровски и се насловени како ,,Петковиот аманет “.
На сите учесници, покрај Сертификат, ќе им биде доделен 20-тиот број од ревијата ,,Бранувања”, во која е објавено нивно авторско дело, две збирки песни од Петко Шипинкаровски, како и пластична статуетка – сталак за чување на книги со наслов ,,Петковиот аманет”.
„СТРУШКИте КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2022, завршуваат со “Поетско матине” и настап на учесници на Конкурсот за творби посветени на Петко Шипинкаровски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани