Вкупно 21 воспитувачка и негувателка од двете струшки градинки денес не се појавија на работното место. Како што најавиија нема веќе да работат за 10 000 денари месечен хонорар без здравствено и пензиско осигурвање. Утрово во струшките градинки немаше поголем метеж. Се згрижуваа децата, но родителите се загрижени, велат проблемот ќе се продлабочи од понеделник, кога се очекува повеќето деца да се вратат редовно во градинка.
„Да треба да им се реши статусот ние како родутели сме обврзани да ги носиме тука децата нема каде на друго место да ги носиме. Институциите на државата би требало малку свесно да реагираат на тоа поле“, вели родител.
-„ Во летниот период кога градинката работи само со вработените кои се со решение принудени сме да не ги носиме децата во градинка бидејки нема кој да ги згрижи“ велат родители.
-„Да им бидат надоместени и здравстено и пензиско осигурување да си бидат соодветно платени за оваа работа што ја извршуваат“, велат родтели.
Негувателките и воспитувачките кои со години работат со договори на дело, велат цврсто остануваат на ставот бараат минимална плата, во спротивно не одат на работа.
– „Психичко е навистина неиздржливо, психички неиздржливо материјало исто. Очекуваме да се среди … со години ајде ќе издржеме, но ова навистина е претерано“, вели Весна Маркоски воспитувачка ангажирана со договор на дело.
Откако претходната си поднесе оставка, новата директорка Сања Србоска, денес беше на состанок со струшкиот градоначалник, вели се работи на решавње на проблемот, приоритет останува згрижувањето на децата.
-Во однос на моменталната состојба, би истакнала дека и во двата објекти „ Пеперутка “ и „Сонце“„ денес непречено се одвиваше работата, се вршеше прием на децата од страна на вработените. Во моментов не би можела да дадам конкретен одговор за тоа дали ќе се реши нивниот статус но би истакнала дека денес беше обавен телефонски разговор со Министерството за труд и социјална политика и остваривме средба со вработените во Општина Струга, се со цел за изнаоѓање решение што побрзо. Јас сум оптимист и се надевам дека од оваа ситуација ќе имаме позитивен исход, вели директорката Србакоска.
Новинар Соња Рилковска