Во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансиран од Шведска, а го имплементираат Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, во Струга почува да се спроведува проектот „Воздухот на граѓаните“.
Стружани ќе бидат информирани за опасностите од загадувањето на воздухот, ќе бидат издаботени и поставени 20 мерни уреди и ќе се отвори инфо-центар каде граѓаните од Струга и струшко ќе можат да се информираат за квалитетот на водухот. Истите податоци ќе можат да се следат и во живо преку интернет платформа на која ќе бидат ажурирани податоците од сите мерни уреди.
Со објавите на нашите Фејсбук и Инстаграм профили ќе бидете навремено запознаени со сите наши активности, пишуваат носителите на проектот „Воздухот на граѓаните“.