Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој за прв пат во историјата е дел од првата лига, парите собрани од карти од утрешниот натпревар со Скопје ќе ги донира за хуманитарни цели.
За жителите на Охрид кои собираат пари за лекување. Кошаркарите и тренерот велат нивната амбиција е да останат во првата лига.
-Нашите амбиции се да го задржиме местото во првата лига., каде што од ланската сезона се задржани сите играчи кои ја сочинуваа екипата во втоа лига. Сега сме засилени со двајца американски играчи и еден играч кој има искуство во првата лига тоа е Иван Волканоски од Охрид. Нашиот прв натрпевар на домашен терен го играме утре сабота во 18ч и ја повикувам цела охридкса публика да присуствува на тој натпревар бидејки е од посебно значење. Сите продадени влезници ќе бидат за хуманитарни цели. Апелирм до охридската публика да дојде во што поголем број да ни даде поддршка, со уплата на карта од 100 дена ќе имаат голем удел во хуманитарната акција“, вели Тони Стојаноски тренер на ГККФ.
-Прв пат настапувам за клубот во Охрид, чест ми е што сум дел од оваа екипа од овој тим. Прв пат во мојата професионална кариера ќе настапувам за градот во кој што сум роден. Утре ја играме нашата прва утакмица против. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број да биде наш соиграч во текот на целата сезона“, вели Иван Волканоски играч од ГККФ.
ГККФ најголемата поддршка ја добива од локалната самоуправа, општина Охрид , но и општествено одговорните компании во градот.
Винаријата Бахус за поддршката која му ја дава на Градксиот кошаркарски клуб денес доби подарок дрес.