Доделени парични средства за вевчанските првооделенци

На денешната седница на Советот на општина Вевчани се усвои ребалансот на буџетот на општина Вевчани.

Со усвојувањето на ребалансот се предвидоа и средствата за доделување на парична помош на семејствата со првооделенци запишани во учебната 2022/2023 година во висина од 2000 денари во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани.

Оваа предлог одлука, Претседателот на совет Леон Даскалоски предложи да се измени и да се зголемат средствата во висина од 4 негови паушали од седници на Совет кои му следуваат да се распределат на сите првооделенци.

На овој предлог се надоврза и советникот Леон Парталоски и се согласи и неговите паушали од 4 седници кои му следуваат да се распеделат на сите првооделенци.

Со ребалансот на буџетот се обезбедија и средства за изградба на канализациона линија крак 3, крпење на ударни дупки на локалните улици, уредување на парковски површини, партерно уредување на дел од дворот во детската градинка, информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани