Започна новата сезона на дебатната емисија Прашалник на ТВМ телевизија, Оваа, петта сезона за прв пат се воведува толкувач на знаковен јазик. Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија во регионот е приближување на темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.
Вклучувањето на толкувач на знаковен јазик засега е само препорака за медиумите, но од следната година ќе биде и законска обврска.
ТВМ телевизија години наназад го има прилагодено и Дневникот , еден од информативните појаси е прилагоден за глуви и наглуви.
Знаковниот јазик е природниот јазик на глувите и наглуви лица, нивниот лингвистички идентитет и основно средство за комуникација. Со неговата застапеност во програмите на медиумите и оваа категорија граѓани се чувствуваат еднакви.