Животот во Малесија овековечен низ изложба на фотографии


Низ изложба на фотографии овековечени животот, културата и традицијата на селата во струшка Малесија. Некогаш живи села со над 1000 жители, денес целосно раселени и напуштени.
Фотографиите стари повеќе еден век сведочат за селскиот живот, славите, дружбите, чешмите, изворите, печалбарството, живописната природа…

Седумте села на Караорман: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Буринец, Селци и Глобочица имаат долга и богата историја и етнологија.

-Малесија денес ги преживува најтешките денови досега. Областа почна да се празни после Втората Светска војна. После тоа многу малесиски села останаа празни. Денес во Малесија скоро да не живее ниеден жител. Можеби може да се избројат неколкумина само на едната рака. Овој регион малку е познат во земјава, а дал многу славни личности и има богато културно налседство, вели Љупчо Паункоски организатор на изложбата.


За овој регион изработени се три документарни филмови. Целта е да се сочува од заборав богатато културно наследство во малесиските села.


-Сакавме да ги потсетиме некогашни жители и нивните фамилии кои денес живеат во Струга и надвор од нашите граници, на животот на нивните претци на сето она што некогаш се случувало во нашата Малесија, вели Николина Велкоска директор на центарот за култура Струга.


Малесија дала многу славни револуционери, писатели, уметници…..
Истакнатиот македонски пијанист Симон Трпчески, кој е по потекло од овој регион на 27 август се очекува да одржи концерт во селото Збажди.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles