Илинден одбележан во село Велгошти

Со пригодна свеченост празникот Илинден се одбележа во Велгошти.

Во очи на еден од најзначајните празници во македонската историја, 2-ри Август – Денот на Републиката, бевме во Велгошти каде со пригодна свеченост го започнавме чествувањето на Илинден.

Само да се биде на Илинден во Велгошти, е настан сам по себе. Кога на тоа ќе се додаде дека на овој ден се будат сите дамари на секој Македонец, при спомнувањето на славната Илинденска епопеја и херојството на јунаците кои своите животи ги положиле на олтарот за слобна Македонија, тогаш навистина имаме право да бидеме горди на нашето минато, истакна градоначалникот Пецаков.

Во македонскиот јазик има еден доста интересен збор – јанѕа. Тоа е она што денес го чувствува секој Македонец – неспокој, немир од денешнината, рече Пецаков.

Но, ве уверувам дека никој нема право на страв ниту ќе не уплашат опасностите кои се надвиснале над Македонскиот народ. Затоа што на повикот за востание во 1903-та преку 2000 охриѓани, застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало „Смрт или Слобода“. Денес ве уверувам дека сме многу, многу побројни и стоиме под едно друго знаме кое се вика – Македонија и само Македонија, зошто денешната генерација нема друга опција освен токму врз исконските Илинденски идеали да ја сочува Македонија и Македонскиот народ, пишува градоначалникот на Охрид.

Ви го честитам овој светол и голем ден за македонската историја, која убеден сум ќе знаеме да ја сочуваме и посакувам илинденскиот идеал за слободна и праведна Македонија, да живее уште недоброј години во генерации нови достоинствени Македонци, под сонцето на слободна, суверена и независна Македонија, честита Пецаков.

Social profiles