И Вевчани блесна во Новогодишно руво. На плоштадот е поставена Новогодишната елка. Сијалички и новогодишни декорации ја разубавуваат најмалата општина во земјава. Туристичко Вевчани за празниците очекува голем број гости.
-Уживајте во едноставноста, убавината, мудроста и честитоста.Ви посакувам да имате среќни празнични моменти, напиша градоначалникот Спасе Кочоски.



