Викендов за прв пат маестро Симон Трпчески одржа концерт во родното село на неговиот татко. Малесија повторно оживеа низ песната и музиката на маестро Симон Трпцевски и неговите соработници Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александер Сомов и Влатко Нусев.
Секоја чест за организаторите на настанот . Беспрекорна организација се подредено како што треба обезбеден пристап и паркинг за сите возила , ангажирани волонтери од Црвениот крст обезбеден санитарен чвор, обележани и поставени места за седење, поделени преку 7. 000 сендвичи, гомлезе и разни пијалаци од кока кола, вино, газирана и обична вода, дочек со благо и сето тоа бесплатно. Обезбедена медицинска помош , поставени екипите за снимање од МРТ …… Немам зборови за организацијата Кој дојде дојде, останатите ке треба да почекаат до некоја следна прилика, напиша Љупчо Паункоски хроничар на Малесија.
Целта на овој настан како и изложбата која претходеше е поголема промоција на малесиските села, кои се во изумирање.