Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во посета на охридксиот регион. Во придружба на градоначалникот Кирил Пецаков остварија средби со жителите на Охрид, Пештани и Трпејца.
Посетата беше во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.
Целта на акцијата е да се остварат средби со граѓаните, целни групи и организации со цел да се слушнат нивните проблеми и како идна Влада на ВМРО-ДПМНЕ што треба да направи со цел да се решат истите.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ветува чуда., ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши она што е започнато и ќе се интервенира каде што е потребна поддршка од страна на Владата.
„Целта е да директно од граѓаните слушнеме за тоа што е она што е потребно идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ да направи, што е она што е потребно за граѓаните, да имаат пристојни услови за живот. Во таа цел ние ќе се сретнеме со многу наши сограѓани, организации, целни групи со цел да слушнеме што можеме ние како идна Влада да направиме. Тоа што можеме ќе го кажеме гласно и јасно и ќе биде дел од предизборната програма која што потоа убеден сум дека ќе биде владина програма“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што не можеме веднаш, ќе направиме план и некаков гантограм на активности кога можеме да го испорачаме“, рече тој.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ветува чуда бидејќи не се чудотворци., како и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши она што е започнато и ќе се интервенира каде што е потребна поддршка од страна на Владата.
„Ќе отпочнеме еден проект кој што за првпат во Македонија ќе се отпочне, а тоа е од централниот буџет да реалоцираме средства кои што ќе значат поддршка за општините“, појасни Мицкоски.