Младите актери ќе ја изведат претставата „Бара“

После премиерното издание на овогодинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и успешното претставување во Требиње, Босна и Херцеговина, младите волонтери-актери од театарската група на Црвен крст Охрид, предводени од авторите, со задоволство и голема возбуда Ве покануваат и очекуваат на новото издание на театарската претстава „БАРА“, која ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за култура Григор Прличев, на 20.09.2023 г., среда во 20 ч.

Не пропуштајте ја оваа можност да го препознаете талентот и креативноста на младите актери-аматери, волонтери на Црвен крст Охрид, со што давате поддршка на работата на театарски надарените волонтери и поттик за младите да се приклучат, ги стекнат и негуваат вештините на актерството. А во темата на претставата „БАРА“, подготвена од страна на неуморните Весна Терзиоска, Емилија Блажеска и Јованка Сион Доленц, ќе го препознаете секојдневието и реалноста на сите нас во барата во која сите на различни начини опстојуваме.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани