На манифестацијата „Струшки книжевни средби“ доделени признанија на заслужни стружани

Во преполната сала на Домот на културата „Браќа Миладиновци“на 7 октомври во саботата се одржа единаесетата традиционална манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2023 . Свеченоста почна со настап на Студиото „Бах“ од Струга, и пијано изведба Т‘ага за југ на Кристијан Миладинов, а потоа поздравна реч до присутните упати Димче Шипинкаравски, подвлекувајќи дека Струга отсекогаш зрачела со својата култура, но и подеднакво со своите писатели и во литературата.Тој во продолжениеието ги промовира и трите тома со дневничките записи со наслов „Мојата Струга“ од минатогодишниот добитник на наградата за животно дело„Петковиот аманет“, Наум Бајо истакнат македонски новинар и писател.
На манифестацијата „Струшки книжевни средби“ што ја започна покојниот писател Петко Шипинкаровски, и, оваа година, традиционално беше доделена Наградата за животно дело „Петковиот аманет“ на истакнатиот македонски новинар и публицист Мишо Китаноски, со што во исто време, беше одбележана и неговата 60-годишна плодна творечка активност во македонското новинарство и публицистика, објавуваќи десетина книги на актуелни македонски историски теми. Наградата со пригодна реч му ја врачи поетот и организатор Димче Шипинкаровски, којшто му посака долг живот и нови наслови на издадени книги.
Ова што посебно треба да се истакне е определбата на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ од оваа година да се доделува награда на автор на годината, односно најчитан македонски поет на порталот „Македонска поетска ризница“ . Прв добитник на оваа наградата е македонскиот поет Дарко Лешоски, за кого зборуваше Димче Шипинкаровски, додека наградата за млад автор на годината и припадна на поетесата Емилија Карафиловска за која зборуваше писателката и модераторката на манифестацијата Верица Мукоска.

Tiada huraian tersedia.
Исто така и на овогодишната манифестација „Струшки книжевни средби“ беше доделена наградата за посебни книжевни остварувања на автор од странство, а овогодишен добитник е поетот Лабид Лончар од Подгорица ( Црна Гора ). Реч за неговото творештво одржа Димче Шипинкаровски, истакнувајќи ги вредностите на неговата поезија и неговиот влог во развојот на современата црногорска литература.
Манифестацијата беше збогатена со литературен настап на поетите Неделко Терзиќ и Виктор Шеќероски ( Србија ), веќа споменатиот Лабуд Лончар, како и македонските поети Дарко Лешоски, Верица Мукоска, Мирко Томоски, Митре Радождански, Емилија Карафилоска, организаторот Димче Шипинкаровски, Миладин Угреновиќ, Исто така настапија со свои песни на албански јазик Адем Абдулаху од Тетово и Бајрамали Селими од Гостивар. Оваа година за прв пат настапија млади поети од Струга, Стефанија Лаброска и Климентина Димитреска.

Tiada huraian tersedia.
Како посебен настан што остави силен впечаток и искрена возбуда кај присутните Стружани, беше доделувањето на посебни признанија – Благодарници за сите оние за кои пишува во трите книги Наум Бајо, а кои оставиле бележита трага во развојот на градот Струга. Благодарниците ги додели лично самиот автор Н.Бајо, истакнувајќи на тој начин респект за нивните дела и потик кон традицијата.
Овогодишната манифестација „Струшки книжевни средби“заври на 8 октомври недела , кога учесниците го посетија прекрасното Вевчани и во духовниот храм – црквата Св.Никола, одржаа заедничко литературно читање, а ги посетија и познатите Вевчански Извори.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани