На општина Струга поставена еднојазична спомен плоча за настан од фашистичката окупација

Еднојазична спомен плоча, која  величае настан од фашистичкаta окупација, кога  Албанското кралство  го востаниволо  албанскиот  јазик како службен во југозападна Македонија, поставена на општинската зграда во Струга. За советниците од опозицијата ова е скандал. Таблата се коси со законот по повеќе основи,  го прекршува законот  за јазикот, а изиграни се и законските процедури за нејзино постапување – не е гласано по Бадентер во Советот на општина Струга.

– „Не верувам дека постои друг градоначалник во било која општина во светот кој што има поставено обележје на општинската зграда со кое што се слави фашистичката окупација на градот. Ќе ги преземеме буквално сите правни еханизми кои што стојат на располагање за да го спречиме ова понатамошно ширење на фашизам од страна на градоначалникот“, вели Ален Деребан координатор на советнилката група на ВМРО ДПМНЕ во Струга.

Според советниците ваквите самоволни постапки  на струшкиот градоначалник  се на штета на мултиетничка Струга.

-„Се повикува на придобивка од 1941 година кога во овој дел од Македонија те цела западна Македонија е анектирана и приклучена на кралството Албанија и со декрет на нивното министерство е востановен албанскиот јазик како службен јазик на оваа територија а образованието се спроведува само на албански јазик. Сее прашуваме каква е вредноста што не обединува, вели Никола Кукунеш советник од Струга.

Зградата каде што денес е сместена општинската администрација  е изградена во 1934, година а од 2013 е прогласена за значајно културно наследство. Во неа половина век било сместено ОУ Браќа Миладиновци.  Од општина Струга не добивме став за поставувањето на спомен плочата.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани