Никола Јакимоски од Охрид е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското езеро. Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес пливаа во ладните езерски води. Крстот во осветените води утрово беше традиционално положен на градското пристаниште. На овој чин присуствуваа илјадници верници.