Четврта среќа на стружанецот Дарко Паскоски

43 годишниот стружанец  Дарко Паскоски, по  четврт пат го извади Светиот краст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен мегу стотиците капачи кои денес пливаа во ладните речни води.

Осветувањето ан водите во Струга и годинава беше масовно. Илјадници верници беа распослани од двете страни  на кејот на реката Црн Дрим.  Стотина капачи скокаа од кејот и Чаршискиот мост. Мегу нив имаше и деца и возрасни , но и девојки.

Паскоски вели пресреќен е што и годинава ја има честа Светиот крст да биде кај него.

Нема опис за фотографијата.

-Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. 4 пат го фаќа крстот да продолжи традицијата и крстот да влезе во секој дом да донесе среќа да го освети домот, Да се помолиме сите за здравје и спасение (длаи ви донесе среќа) и здравје“, вели Дарко Паскоски.

Митрополитот дебарско кичевски Владиката Тимотеј, ја предводеше богослужбата и во Струга. На чесниот фаќач на крстот му даде благослов но и подарок златен ланец со крст.

Во  Градот на мостовите се уште се негува традицијата со кумство на Водици. Овогодинешниот кум  Бошко Пуроски  кој дели ручек денес и го дарува среќниот фаќач на крстот.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles