Нова спортска приказна -Пештани екстрим вертикал

Со многу љубов енергија и посветеност зачекорвме кон создавање на една нова спортска приказна во градот Охрид, поточно во Пештани. Приказна наречена Пештани Екстрим Вертикал. Градењето на истата е процес во кој континуирано се вложува многу труд и време и кој бара надминување на голем број предизвици.

Нема достапен опис.
Пештани Екстрим Вертикал претставува трка во планинско трчање која се одвива во срцето на Националниот парк Галичица. Трката започнува во подножјето на планината, од центарот на селото Пештани и се движи по директна вертикална линија по западниот дел на Галичица. Несекојдневната патека каква што ретко може да се најде на плананината Галичица, завршува во близина на врвот (Бугарска чука)Чумо Влага, на околу 1801м надморска висина. Станува збор за дводневен настан исполнет со голем број активности. За сите оние кои се во потрага по Вертикал, кои ја сакаат природата и екстремното и сето тоа во склоп на викенд уживање, тогаш Пештани Екстрим Вертикал е вистинскиот избор.
Нашата главна цел привлекување на “outdoor” заедницата од нашата земја и од странство оваа година и покрај прво издание на настанот може да се пофалиме дека покрај натпреварувачи од Македонија, имавме учесници од Холандија, Албанија, Србија, Полска, Англија и Белгија.
Исто така една од нашите цели е и едуцирање на најмладите. Преку детска трка којашто е целосно бесплатна и која ја организиравме на првиот ден од настанот на 23 септември сакаме да ги едуцираме најмладите за придобивиките кои ги носи спортот, неговите вредности, да научат да ја сакаат природата, важноста на дружењето и социјализацијата и активниот начин на живот.

Нема достапен опис.

Согласно Агендата за Пештани Екстрим Вертикал настано започна на 23 септември со доделување на стартни пакети покрај Охридското езеро,на сред село во Пештани од 10 часот. Во 12 часот започнаа трките на детската траил трка на која учество зедоа околу 60 деца од Македонија, Полска и со што уште од прва година трката доби меѓународен карактер.

Во генерација 2012-2014 година учествуваа 30 деца во женска конкуренција најдобри:

1. Илијана Димитровска-МКД
2. Софија Атанасоска-МКД
3. Зофиа Височка-Полска

Најдобри во машка конкуренција

1. Брент Ван Баелен-Белгија
2 Теодор Јовановски-МКД
3 Давид Аврамоски-МКД

Во генерација 2008-2011 година зедоа уцество 30 деца,најдобри во женска конкуренција:

1. Симона Костоска-МКД
2. Анастасија Треноска-МКД
3. Милена Атанасоска-МКД

Најдобри во машка конкуренција:

1. Димитар Кецески-МКД
2. Дејан Цветкоски-МКД
3. Матеј Николовски-МКД

Наградите за најдобрите во Детската Траил трка ги доделија, директорот на трката Дејан Ангелоски, членови на организација на Пештани Екстрим Вертикал и претставници од компании подржувачи на настанот.

Во попладневните часово се продолжи со забава со ди-Џеј и се делеше паста за сите присутни на брегот на Охридското езеро кај с.Пештани.

Главниот настан се одржа на 24 септeмври со старт од 8 часот од сред село Пештани. На трката зедоа учество 42 натпреварувачи од 6 земји. Финишот на трката беше на врвот Бугарска Чука(Чуму влага) на 1801м надморска височина. Најдобар севкупен пласман оствари претставничката од Холандија ЕФФ Ван Донген.

Пласман во женска конкуренција
1. Ефф Ван Донген-Холандија 59:19.04
2. Елена Ртоска-Македонија 1:04,53
3. Сања Најдовски-Македонија 1:16,12

Пласман во машка конкуренција
1. Златко Николов-Македонија 59:34,06
2. Димитар Тодоровски-Македонија 1:01,13
3. Антонио Каранфилоски-Македонија 1:03,46

Наградите за најдобрите во Детската Траил трка ги доделија,директорот на трката Дејан Ангелоски и членови на организација на Пештани Екстрим Вертикал. После доделувањето манифестацијата продолжи со забава со ДИ-Џеј,за сите присутни имаше бесплатна храна, охридска рибна чорба, традиционална храна од Пештани и пијалоци.

За организација на трката беа вклучени околу 70 луге, членови на организација ,волонтери, Црвен крст Охрид, Планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид.
Настанот заврши во 16 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани