Вработени во ОУ Дебрца немаат добиено плата. Со отворено писмо до јавноста загрижени граѓани, кои од разбирливи причини сакаа да останат анонимни прашуваат: Зошти плата нема? Кој е виновен? Каде е платата ?
Нивниот допис го објавуваме во целост:
Ова не е мајтап работа , ова е сериозен проблем на 70 вработени во ОУ „Дебрца“ .
Учебната година започна со насмеани деца , со наставници подготвени за новата учебна година , па дури подготвени и за новата концепција , но проблемите си остануваат . Додека охридските училишта навреме си ги зедоа платите во Општина Дебрца има проблем . Проблемот се повлекува веќе со години , со секое примање на ново вработените , кои секако ги носи градоначалникот на Општината , а кој друг во денешно време би ги носел де , и никој нема со тоа проблем ако тие беа сопсобни да си ја вршат својата работа , ама касметот ни бил таков , учени , не доучени . Некои беа дури и со „два факултети“ и полни со самите себе , ама никако да прашаат некој што знае де, како да ја стокмат таа пуста плата , од која вработените на ОУ„Дебрца “ живеат , тие самите и нивните семејства . И сегашната , не знае , „некој ја лаже“ , уште не научи да ја направи платата , па ние еве денес , утре може и ќе ја добиеме , така токму , без грешка ама потрошена , што по камати во баники , што по пријатели од кои сме зајмиле . И да крајно време е без никакви партиски страни секој да си ја врши работата , затоа сите даѓаме на работните места , да ги извршиме своите должности .И да нема заблуди не е до Министреството , тие навреме ги испратија дотациите . Само се прашувам има ли друго училиште во Македонија кое платило повеќе камата како казна што доцни со платата или барем таму сме на прво место, стои во отвореното писмо.
Директорката на ОУ Дебрца Билјана Славевска, за Охриднет, потврди дека се уште немаат земено плата. Секретарот бил нов и направил грешка при пресметките, но вели проблемот ќе се реши за некој ден.