Охрид ЅОЅ: Се уништува и узурпира дел од струшкото крајбрежје

Додека тимот од македонски и меѓународни експерти работи на Физибилити студијата за урбанистички план за подрачја и објекти од државно значење во заштитената крајбрежна зона на Охридскиот Регион, некој е оставен да го уништува и узурпира крајбрежјето во Струга. Овие фотографии се направени деновиве, а ја прикажуваат девастацијата на државно земјиште кое според Агенцијата за катастар е дел од КО Охридско Езеро. Веќе извесен период се уништува и тампонира појасот трска и друга флора на овој сегмент од крајбрежјето, присутна е механизација, според очевидците, пишуваат од Охрид ЅОЅ.

Можно е да е слика од мапа и текст
Иако Општина Струга по неодамнешната средба со експертите сподели информација дека „најодговорно и најпрофесионално ги извршувала, ги извршува и ќе ги извршува сите обврски спрема задолженијата кои произлегуваат од мониторинг мисијата на УНЕСКО и од заклучоците од Самитот на УНЕСКО“, нештата на терен кажуваат сосема друго. Тие во соопштението споделија и дека „ова го потврдува и еден од членовите на мешовитиот експретски тим, кој меѓу другото, образложи дека Општина Струга, спрема УНЕСКО, ја одржува на највисоко ниво заштитата на животната средина, во делот од Струга“. Дали е ова највисоко ниво на заштита?, прашуваат од Охрид ЅОЅ.

Охрид ЅОЅ , поднесе и  претставка до Државен инспекторат за животна средина и до соодветните општински инспекциски служби, веднаш да постапат и да се спречи понатамошното уништување на крајбрежјето, а против оние кои го сториле ова, да има санкции.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани