Охриѓанец се товари за десетина кражби.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 10 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“. Тој, во периодот од 13.11.2023 до 21.02.2024, со употреба на сила и подесен алат, од станови и куќи на подрачје на Охрид одзел повеќе предмети. При претрес во домот, кој времено го користел, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле дел од одземените предмети.