Партиска препирка: Кој ги кочи проектите во Охрид?

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со меѓусебна партиска препирка и  низа обвинувања на тема закочени проекти во градот.

Соопштението на СДСМ: 

-„Префрли ја топката на другиот или како се викаше оваа игра.
Околу 2 години му беа потребни на Градоначалникот да се соочи со фактот дека тој и неговиот тим за Охрид ништо не прават!
И нека, подобро сега што си признаа, отколку никогаш!
Ама за да не се ”удира со свои камења по своја глава”, Градоначалникот реши, својствено за дпмне – гарнитурата, да ја префрли топката на другиот за својот неуспех, во случајов на централната власт.
Ништо не е закочено во државните институции! Напротив! Да не беа проектите и финансирањата од Владата, министерствата и државните институции е тек тогаш навистина нема да имавте со што да се сликнете од време на време и да си го препишете како свое.
Туку закочени се вашите предизборни ветувања за народот некаде во тој смешен кичерајски тротоар пред Општина, во некоја дозвола за градба на згради, во некое партиско вработување… во безидејноста и слабите менаџерски тимови на јавните претпријатија и локалните институции.
Е тука е кочницата!
Откочете се !!! Бидејќи на пола пат од мандатот не ви бега “титулата” најнеспособна локална власт уназад години, стои во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.

Од ВМРО ДПМНЕ возвратија: 

СДСМ Охрид ниту работи и гради како централна власт, само и ги кочи проектите на Локалната самоуправа
СДСМ Охрид тотално сте изгубени во својата неспособност и деструктивност, па не можејќи да се пофалите што сработивте сега ја напаѓате Локалната власт.
Затоа ќе ви посочиме неколку факти, па доколу имате капацитет истото ќе го сфатите:
Повеќе од два месеца никако да стигне мислењето од Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура, за да може да се издаде одобрение за градба и да се распише тендер за изградба на плоштадот „Крушевска Република“.
Истата Комисија ја кочи Катната гаража барајќи повеќе пати да се измени проектот кој се измена, ама сѐ уште се чека мислењето.
Министерството за екологија никако да го издаде одобрението за изградба на канализација во Трпејца.
Фамозната Комисија не издава одобрение ниту за канализација во Горно и Долно Лакочереј.
Министерството за образование и наука немаше укинато паралелка уште во ОСУ „Свети Климент Охридски“ и тоа ѝ го направи на Гимназијата.
Градоначалникот Д-р Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има за цел по 30 години да ја раздолжи Општина Охрид и сметката да биде одблокирана.
Не да сте закочени, туку потонати сте на самиот крај од мандатот бидејќи ништо немате реализирано од вашите ветувања за Охрид како најнеспособна централна власт.
Охрид со ВМРО-ДПМНЕ се гради и се случуваат промени, но ве прашуваме до каде ви се ветените проекти пред четири години пред охриѓани:
Модерниот здравствен центар?
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид?
Рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум?
Медицинската опрема за осовременување на болницата „Св. Еразмо“?
Целосната реконструкција на Гимназијата?
Реконструкцијата на угостителското училиште и ученичкиот дом?
Изградбата на затворениот пливачки базен?
Изградбата и санацијата на Колекторскиот систем?
Охрииѓани го знаат одговорот:
До никаде!
СДСМ Охрид си играте со судбината на охриѓани кои за брзо ќе ве казнат катастрофално на избори исто како што ве казнаа на локалните за вашата неспособност, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани