Поставен камен темелник за изградба на Коридор 8

На бина со дизајн во знакот на коридорот 8, покрај затворен автопат со огромно полициско обезбедување и над 150 гости, речиси сите владини министри го означија почетокот на изградбата на автопатската мрежа исток-запад.

Дури и вицепремиерот Груби „се облече во Коридорот 8“, но заборави да ја истакне сумата од 22 милиони евра за контроверзната постапка за надзор која ја доби компанија кој во минатото се занимавала со производство на долна облека.

Околните паркинзи беа претесни за сите владини автомобили, па возачите на министрите, место им најдоа на автопатска лента. Се пропуштаа само итните случаи.

Премиерот тврди, со изградбата на Коридорот 8 Македонија станува неизбежна транспортна рута.

-Камен темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура. Тоа е камен тамеленик и на нови инвестиции, отворање на нови пазари и можности на нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународните компании, рече премиерот Ковачевски.

Груби немал спремено говор, но им се заблагодари на сите посебно, но најмногу на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Многу сум горд, особено сум горд што конзорциумот предводен од Бехтел и Енка ќе ги гради Коридоторот 8 и 10д и ќе го означиме развојот на оваа земја, рече Груби.

Американската амбасадорка во земјава, пак, вели дека патната мрежа која ќе ја гради Бехтел и Енка е од стратешко значење за странските инвеститори во земјава.

-Подобрувањето на патната инфраструктра во С. Македонија е витално за економскиот раст. Изградбата на оваа модерна патна мрежа ќе движи луѓе и стока и ќе привлече инвеститори, рече Агелер.

Извор Сител ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани