Врсничкото насилство е присутно и во охридските училишта. Го има во сите форми, психолошко преку омаловажување и постмев, физичко со тепање и удирање, но и сајбер насилство исмејување во пораки или групи на социјалните мрежи.
Не постои стандардизиран унифициран протокол за постапување, велат професорите, но клучно во борбата со булингот е рано откирвање и навремена реакција од страна на сите чинители.
-„Секое училиште интерно, внатрешно постапува по оние насоки, кодекси и правилници кои што ги има. А најпрво би се започнало со куќниот ред каде што се нели воспоставени сите правила и обврски на учениците. Потоа со правилниот за изрекување педагошки мерки каде што е наведено исто така однесувањето на самите ученици“ вели Перчо Божиноски професор во Охридската гимназија.
Повеќе невладини од Охрид со едукативни трибини се обидуваат да влијаат и на родителите и на професорите, но и на учениците во насока на намалување на булингот.
-„Прво да апелираме до родителите затоа што ги запоставуваат децата.Исто така еден совет до наставниците да посветат повеќе внимание во училиштата затоа што во двоорите се прават доста тепачки, и повредувањена деца со навреди и потсмев“ , вели Борис Џајко претставник од невладините.
Според психолозите и социолозите булингот е најприсутен кај адолесцентите, а најчеста жртва се повлечените и срамежливи деца Жртвите на врсничко насилство обично патат од чувство на страв, срам и фрустрации кои им прават да се чувствуваат беспомошно, незаштитено и осамено.
Новинар Соња Рилковска