Се одбележа денот на формирањето на Шестата македонска Народноослободителна бригада

Сојузот на борците на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга, на 6 септември 2022 година, со свечана седница и полагање свежо цвеќе на споменикот од НОБ, беше одбележана 78 годишнината од формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителна ударна бригада( 6 септември 1944).


Бригадата во своето основање броеше оклу 1000 борци,а за потребита и значењето на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб, Видое Смилевски-Бато. Штабот на бригадата беше составен од искусни борци,дотогаш припадници на Првата Македонска Народноослободителна ударна бригада, а имено: командант: Ѓорѓевиќ-Алија, заменик на командантот Захарија Трајковски-Брко, политички комесар Киро Сотировски – Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошевски. Во поширокиот состав на Штабот на бригадата беше и Милица Лукиќ, одговорна за санитет.
Според зборовите на претседателот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, Бригадата е формирана на планината Караорман,во месноста „Рудина“на 6 август 1944 година.
Бригадата учествуваше при ослободување на Струга, како и на Сремскиот фронт во сите борбени дејствија.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани