Расте интересот кај странците за купување на станови на брегот на Охридското Езеро. Најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, Стариот град, Билјанини извори и вдолж брегот на Охридското езеро. Посебно барани се ексклузивните апартмани во новите населби во Елешец, Лагадин, Пештани и Рача.
-„Последнава деценија забележително е присуството на странците кои што го избираат Охрид како дестинација како алтернативно живеалиште или времен туристички престој . Имаме доста странци клиенти од Хонландија, Германија, Англија, САД, Канада и Турција. Во последните години Охрид е псотојано присутен на најпонзатите туристички магазини. Сега последно според Мирор тие го опишуваат Охрид како скриениот скапоцен бисер во Европа, и го препорачуваат како место кое задолжително треба да се посети“ изјави Наташа Спасеска сопственик на Агенција за недвижнини.
Недвижностите се особено атрактивни за дигиталните номади, лицата кои работат онлајн за странски компании, кои со тие плати може да си дозволат удобен живот во земјава, но и за пензионерите.
– „Така што нив тука животот им е доста евтин и може да си обезбедат поудобен живот., Да не ги заборавиме о пензионерите странци кои што исто така го избираат Охрид, бидејќи со нивните пензии може да имаат поудобен живот. Обично се одлучуваат да куат апартмани а исто така голем интерес има из а Старото градско јадро и доста од нив купија куки во Стар град“ , додава Спасеска.
Најбарани се малите викенд станови од 30 до 50 метри квадратни, кои купувачите најчесто ги користат за одмор и рекреација.
Новинар Соња Рилковска