СВР Охрид започнува нова превентивна кампања „Советуваме, не казнуваме“. Кампањата ќе се спроведува на целото подрачје на СВР Охрид, а целта е подигнување на безбедноста во сообраќајот. Во фокусот на одделеот за превенција ќе бидат сите учесници во сообраќајот.
На полето на сообраќајната култура се уште има поразителни податоци. Изминатата 2023 година само на подрачјето на Охрид се случиле 300 сообраќајни несреќи., од кои две со фатални последици, со две жртви.
– „Мислам пред се на возачите на моторни возила, но и на сите оние други учесници во сообраќајот, секако пешаците а и со доаѓањето на топлото време и велосипедистите и моторциклистите како ранлива категорија на учесници во сообраќајот. Оваа нова кампања која деновиве ќе ја започнеме ќе се спроведе на целото подрачје на СВР Охрид, ја насловивме Советуваме, не казнуваме. Ја посветуваме на едукативниот процес и на процесот на подигнувањето на сообраќајната култура кај ученсиците во сообраќајот. Покрај едукативниот дел за подобрување на степенот на сообраќајната култура тука се подразбира и на свеста и совеста за безбедно управување со возилата“, вели Стефан Димоски по0ртапрол на СВР Охрид.
И покрај кампањата чија цел е едукација а не репресија, казни ќе има за лицата кои ќе бидат затекнати да управуваат возила под дејство на алкохол.
-„Има возачи, пешаци, велосипедсти кои што исклучиво ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Кога имаме прилика да поразговараме тие велат безбедноста е број еден и токму така безбедноста треба да биде лајт мотив за сите кои што се учесници во сообраќајот. Има и такви кои не ги почитуваат сообраќајните прописи со некое објаснување се брааме. Овде сакам да напоменам дека кампањата Советуваме не казнуваме, не важи за оние учесници во сообраќајот кои ќе бидат затекнати во алкохолизирана состојба или под наркотици. Тука ќе имаме нулта толеранција кон овие возачи тие веднаш ке бидат исклучени од сообраќај и им се поднесуваат платни налози“, додава Димоски.
Во 2022 година на подраќјето на Охрид се случија вкупно 292 сообраќајки, при што животот го загубија четири лица.
Новинар Соња Рилковска