Состојбата на Детското одделение во општата болница во Струга алармантна. Лекарите пишуваат дека недостигаат специјалисти, а има голем наплив на пациенти. Бараат надлежните да преземат итни мерки.
Проблемот е голем откако се затвори детското одделение при општата болница во Охрид. Децата од охридскиот регион во викенди, празници и навечер се лекуваат на струшкото одделение.
ГОСПОД ДА НИ Е НА ПОМОШ СО ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУГА……
СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ.. СЕ ПОМАЛКУ ЛЕКАРИ
ОВА ВЕЌЕ НЕ СЕ ИЗДРЖУВА
Во име на детско одд. СТРУГА го молиме господинот Премиер, министерот за Здравство , директорите на општите болници Струга и Охрид .. Да се најде решение.. А све ова за здравјето на најмалите и најмилите… За децата ( нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно…), напиша на својот Фејсбук профил д-р Вулнет Бектеши.
Се обидовме да стапиме во контакт со д-р Бектеши, но тој остана недостпен за медиумите.
Охриднет, пред еден месец објави дека има голем наплив на пациенти на детското одделение во Струга, а недостига кадар.
Зголемен бројот на пациенти на детско одделение во Струга, а стручниот кадар се намалува
Министерот за здравство, при неговата последна посета на Охрид најави дека ќе се надмине проблемот со недостиг на педијатри, преку ротации. За жал до денес тоа не се случи.