По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.
Наградите ги подели градонаалникот Пецаков.
-Мене ми припадна честа да ги доделам наградите за најуспешните од денешниот спортски ден. Натпревари се одржаа во дисциплина фудбал, баскет, шах и пинг понг. Уште еднаш им честитам на сите учесници и организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, истакна Пецаков.




