Традиционална средба на фудбалерите од сите генерации на фудбалскиот клуб „Дримкол“ од Вевчани

На средината од месецот септември, се одржа традиционалната средба на фудбалерите од сите генерации на фудбалскиот клуб „Дримкол“ од Вевчани во ресторанот „Пелвец“. Средбата и овој пат беше вистинско место за обновување на сеќавањата кај фудбалерите…  Во минатото овој Вевчански фудбалски клуб имаше подеми и падови, но она што е најжално е, фактот дека тој веќе со децении не постои. Обидите да се возобнови неговата спортско фудбалска слава, за жал, невродува со плод, од едноставна причина, што и покрај сите ветувања на досегашните градоначалници на Општина Вевчани, завршува само на ветувања и ништо повеќе. Но она што е најсрамно е фактот дека едедн поранешен општински моќник сета средена документација што грижливо со децении педантно ја водеше фудбалерот и тренер Лимпе Парталоски, и со цел да се избришат трагите на многу вевчански младинци-фудбалери, ја однесе и ја изгоре на депонијата во Струга. Сочувани се само две фотографии од ФК „Дримкол“од пред шеесет години, кли жално сведочат за едно време, во кое фудбалот се славеше во Вевчани, а секоја победа на клубот беше празник за населбата и служеше за пример на другите соседни населби…
Нема достапен опис.
На традиционалната средба присуствуваше и доајенот на вевчанскиот фудбалски клуб „Дримкол“, 82 годишниот новинар во пензија Мишо Китаноски, кој ги има сочувамо двете ( за вечен спомен ) фотографии. Тој од книгата што ја подготвува со наслов “Вевчанска фудбалска хроника“, оддели едно свое сеќавање кое се однесува на времето пред 1959 година. Тој вели: „По еден натпревар на ридот во Подгорци и по нерешениот резултат, враќајќи се Вевчани, се договоривме да се одржи конференција, на која ќе се прослави постоењето на ФК „Дримкол“. Конференцијата на крајот од јули 1958 година  се одржа во тогашната продавница на ЗЗ „Светлост“ во куќата на Пупини. Иако просторот беше ограничен, интерерсот беше голем и присуствуваа повеќе од четиресетина младинци и учители. Избравме за прв пат своја управа во која влегоа колку што се сеќавам фудбалерите Благоја Кукоски, Наум Алулоски, учителот Владо Прталоски, Мирко Коруноски, иако бев најмал и мене ме избраа во управата. За тренер на екипата со аплауз едногласно го избравме Атанас – Тане Русески кој беше дел од управата. Усвоивме и правила. Игравме без спортска опрема ( што се гледа од првата фотографија ), во Подгорци,  безброј пати, на турнирите во фудбал во Вишни и во Долна Белица, а имавме и средби и со екипите од Октиси и, Лабуништа и др… На воодушевувањето му немаше крај, кога преку Благоја Кукоски, издејствувавме тогашното ГЗЗ Претпријатие „Дримкол“, во 1960 година, ни го купи првиот коплет дресови ( што е овековечен на вторара фотографија). Кога го добивме првиот комплет дресови се радувавме како мали деца, а кога се облековме пак, од радост се прегрнувавме. Најмногу сакавме да играме во Вишни и Дола Белица, зашто на натпреварите доаѓаа многу девојки-средношколки да не гледаат и, тоа е за паметење“, завршува во своето сеќавање Мишо Китаноски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани