Извесен холандски државјанин Франк Хогербетс од Харлем на својот „Твитер“ на 3. февруари го предвиде разорниот земјотрес во Турција.
Тој напиша дека подрачјето на Турција со границата со Сирија ќе го погоди разорен земјотрес од над 7,5 степени.
„Сега или подоцна, тука ќе има земјотрес со над 7,5 степени“, стои во објавата на Хогербетс која може ад се најде на социјалните мрежи.
Неговиот твит е објавен на 3 февруари и се уште достапен на социјалната мрежа Твитер.
Sooner or later there will be a ~M 7.5 #earthquake in this region (South-Central Turkey, Jordan, Syria, Lebanon). #deprem pic.twitter.com/6CcSnjJmCV
— Frank Hoogerbeets (@hogrbe) February 3, 2023
За жал неговото предвидување се покажа вистинито. Тој се огласи и веднаш по земјотресот, кажа дека неговото срце е со повредените. Како што напишал, потресот го предвидил по „движењата на планетите“.