Ја истепал медицинската сестра, откако му забранила да пуши во струшката болница

52-годишен жител на Велешта нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија и ја клоцал во стомак.

Сестрата го предупредила дека не смее да пуши цигара во болнички ходник бидејќи е најстрого е забрането во интерес на пациентите. Но, тој ја нападнал и ја удрил во стомак.

Напаѓачот избегал и е фатен завчера по нападот, а обвинителството бара притвор за да не го повтори бегството бидејќи е осомничен за сериозно кривично дело.

-Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита. Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал, стои во соопштението на ЈОРМ.

Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден. Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани