Во Вевчани продолжуваат инфраструктурните проекти. Ќе се гради канализациона мрежа на потегот Трафо – Смолејца Вевчани.
-Обезбедивме средства за реконструкција на преостанатиот дел од канализационата линија Трафо-Бубаној-Смолејца. Со реконструкцијата на канализационата линија ќе се создадат услови и за завршно асфалтирање на локалната улица која е една од најфреквентните и најприоритени улици за реконструкција, информира градоначалникот Спасе Кочоски.