Европа експериментира скратено работно време

Белгија стана првата членка на Европската унија која официјално ја воведе опцијата за четиридневна работна недела. Според белгискиот модел, работното време на вработените нема да биде значително намалено бидејќи тие ќе можат да изберат дали сакаат да работат девет и пол часа во текот на четири дена или осум часа пет дена во неделата.

Сепак, Белгија не е ниту единствената ниту првата земја во светот која го поздрави овој нов систем на работа. Исланд е еден од европските лидери во креирањето на нов работен систем, а во моментов се спроведуваат или планираат пилот студии во Велика Британија, Шпанија, Шкотска, Велс, Нов Зеланд…

Различни модели на скратена работна недела

За разлика од Белгија, која се обидуваше да го задржи истото работно време во неделата, Исланд го започна најголемиот пилот тест во 2015 година, 35-часовна работна недела. Студијата беше толку успешна што денес речиси 90 отсто од работоспособното население работи со скратено работно време.

Истражувачите истакнаа дека работниците во скратената работна недела биле помалку под стрес, а синдромот на исцрпеност станал поредок. Сепак, не секоја земја го сподели успехот на Исланд со четиридневната работна недела.

Исто така, во 2015 година, Шведска сакаше да спроведе слична студија во која вработените ќе работат шест часа дневно за иста плата. Единствениот проблем беше што многу компании не сакаа да трошат пари на таков тест. Иако тест периодот се покажал многу успешен во универзитетската болница каде целиот медицински персонал работел шест часа дневно, експериментот бил многу критикуван и никогаш не бил објавен.

Седум години подоцна, се чини дека општеството и пазарот се подготвени за таква промена.

Компаниите во Обединетото Кралство кои водеа шестмесечен пробен период од четиридневна работна недела, сега планираат да ја направат практиката постојана, откако експериментот беше оценет како „исклучително успешен“. Во оваа земја работниците би заработиле исто, иако работат еден ден помалку.

Во Шкотска, владата се очекува да препорача намалување на работното време за 20 отсто, без губење на платата, на почетокот на 2023 година. Во Шпанија се подготвува пилот-пробно, каде на работа би се поминале само 32 часа во текот на четиридневната работна недела. Во Нов Зеланд, 81 вработен во гигантот за производи за широка потрошувачка Unilever моментално учествуваат во едногодишно пробно тестирање на четиридневна работна недела со целосна плата.

Според истражувањето спроведено во САД, огромни 92 отсто од американските работници поддржуваат скратена работна недела, дури и ако тоа би значело да работат подолги денови. Анкетираните вработени го наведоа подобрувањето на менталното здравје и зголемената продуктивност како перцепирани придобивки. Тројца од четворица вработени (74 проценти) велат дека би можеле да ја завршат истата количина на работа за четири дена, но мнозинството (72 проценти) велат дека ќе мора да работат подолго во работните денови за да го направат тоа.

Сè на сè, се чини дека четиридневната работна недела полека но сигурно добива на сила ширум светот, а кои земји ќе го усвојат системот останува да видиме.

Целиот текст на Фактор,мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани