Македонците во ТОП 10 пушачи на цигари во светот

Македонците се најголеми пушачи на цигари во регионот и во ТОП 10 во целиот свет.

На врвот се и по бројот на испушени цигари дневно по пушач. Притоа Македонците пушат и најмногу најевтини цигари. Ова го покажало истражувањето на тинк-тенкот Аналитика во соработка со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020-та. Притоа, речиси половина од возрасните луѓе или 48,4% користат тутун.

Пушат 58% од возрасните мажи и 39% од жените. Опфатот на луѓе што пушат цигари е многу поголем од европскиот просек од 29%. Во Шведска на пример, 8,7% од возрасната популација се пушачи, а во Грција и Бугарија 27%. Од Аналитика велат дека пушењето е најзастапено кај луѓето од 45 до 54 години. Притоа, Македонците пушеле и најевтини цигари. Кутија во просек чини 1,7 евра. Просекот во регионот е нешто над две евра, а во Европа речиси 5 евра. Од Аналитика велат дека многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето. Без оглед на постојаното покачување на акцизите во последниве 10 години и двојното поскапување на цигарите, бројот на пушачи бил преголем.

Сметаат дека јавните кампањи за штетноста од пушењето во медиумите, училиштата, болниците и работните места би можеле да ја подобрат состојбата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани