Планинската спасителна служба апелира посетителите на планина да бидат внимателни

Успешно пронајдени тројца изгубени странски туристи во НП Галичица. Лицата, вчера утрото се упатиле по пешачкиот дел на Галичица, но се изгубиле, па попладнето побарале помош од ЦУК. Галичица е отворена за туристички цели пешачење, параглајдинг, возење четириколки, но посетителите мора да го пријават своето присуство и да ја напуштат планината најдоцна до 20 часот.
Од Планинската спасителна служба ги повикуваат посетителите да бидат внимателни и да се движат само во рамките на обележаните патеки.

-„Апелот да ги почитуваат правилата на планината, да се прилагодуваат на условите кои владеат на планината соодветна да се опремат и да носат доволно количевство на храна и вода и телефон со полна батерија за да може да повикаат помош доколку тоа е потребно“

Изгубени, дезориентирани, паднати и повредени во провалија се најчестите интервенции на планинската служба, која има доволно опрема и кадар за спасување во планина во целиот регион.

-„Имаме доволно ресурси може да кажам за решавање на сите комплексни операции кои што би можеле да се случат во нашиот регион и во лето и во зима. Така што имаме доволно возила, имаме доволно едуциран кадар“, додава Додески.

Само за еден месец Планинската спасителна служба која го покрива регионот Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца имала четири посериозни интервенции на спасување во планина.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани