Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.
– Скопје 57 – Куманово 13 – Дебар 1 – Штип 3 – Тетово 19 – Струга 1 – Велес 1 – Битола 2 – Охрид 1 – Гостивар 1 – Ресен 2
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти. – Скопје 11 – Тетово 10 – Велес 1 Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.
