111 нови заболени од корона , во Охрид еден

 111 нови случаи на Ковид-19.

 

Една почината пациентка од Струга.М за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: • Скопје 1264, активни 658 • Куманово 556, активни 140 • Дебар 52, активни 1 • Штип 174, активни 136 • Прилеп 218, активни 27 • Тетово 281, активни 119 • Струга 98, активни 25 • Велес 144, активни 30 • Битола 30, активни 3 • Охрид 31, активни 14 • Кавадарци 6, активни 1 • Гостивар 50, активни 29 • Гевгелија 6, активни 2 • Струмица 5, активни 2 • Крива Паланка 7, активни 1 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 3, активни 0 • Кочани 51, активни 20 • Пробиштип 5, активни 3 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 2, активни 0 • Пехчево 3, активни 0 • Берово 2, активни 1 • Валандово 3, активни 2 • Виница 3, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 3, активни 1 • Свети Николе 3, активни 2 • Кичево 3, активни 1 • Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 854 теста се преку: ИЈЗ – 440, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек – 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со PCR метода – 81 и МАНУ – 60. Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи Чаир 152 Бутел 59 Гази Баба 58 Аеродром 53 Сарај 52 Центар 52 Карпош 40 Кисела Вода 29 Арачиново 23 Студеничани 18 Ѓорче Петров 17 Илинден 17 Шуто Оризари 12 Петровец 6 Чучер Сандево 3 Сопиште 2 (се утврдува општина) 1

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани