136 сообраќајни прекршоци на подрачјето на СВР Охрид

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, во периодот од 05.03 до 08.03.2021 на подрачјето на СВР Охрид била спроведена засилена контрола на возачи и возила учесници во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници констатирале 136 прекршоци меѓу кои: 37 пречекорувања на дозволената брзина на движење, 03 случаи на непрописно престигнување, 4 технички неисправни возила, 3 случаи на управување возило без важечка возачка дозвола, 5 случаи на разговор на мобилен телефон во тек на управување моторно возило… Полициските службеници одзеле 4 моторни возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола подолго од 6 месеци. Во текот на контролата, кај 11 возачи било утврдено присуство на алкохол по што веднаш биле исклучени од сообраќај. За сите прекршоци изготвени се соодветни санкции.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани