15 евра хотелско ноќевање во Охрид за Водици

15 евра ноќевање со појадок за Водици во Охрид. И годинава охридските хотелиери излегоја со примамливи дисконтни понуди за големиот христијански празник. 

 

Целта е да се привлечат што е можно повеќе туристи од земјава и регионот. 

-Со оглед на тоа што празникот е во викенд, очекуваме голем број гости од земјава и од странство и исполнети сместувачки капацитети. Со цел да ги поддржат богојавленските чествувањa и да придонесат за поголем број на гости, охридските хотели и годинава нудат сместување по симболична цена од 15 евра по лице за сместување на ден, во периодот од 16-ти до 20-ти јануари. Исто така во насока на збогатување на содржините за гостите, во рамки на празничната програма, Општина Охрид организира и голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на Водици на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад, информираше градоначалникот Георгиески.

На задоволство на гостите за пранзикот Охрид организира концерт на Петар Грашо на охридскиот плоштад. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани