Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава.
По градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години. Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 239 Куманово – 121 Дебар – 49 Штип – 20 Прилеп – 33 Тетово – 29 Струга – 25 Велес – 10 Битола – 6 Охрид – 3 Кавадарци – 2 Гостивар – 4 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка- 3 Радовиш -4 Крушево – 2 Кочани – 14
