Момчето , од струшкото село Ливада, управувал велосипед.
Вчера во 11 часот во СВР Охрид, пријавено било дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу селото Подмоље и Автокамот камп „Андон Дуков“, патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од селото Ливада, струшко.
– Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
