18 годишно момче со „Митсибуши“ излетало од патот во Велгошти.
На 18.04.2022 година во 18.30 часот на улицата „Манастирска“ во охридското село Велгошти, патнички автомобил „Митсубиши“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од осумнаесетгодишно момче од Охрид, излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
