Во пресрет на празниците засилени акции за чист Охрид

Во пресрет на празниците засилени акции за чистење и уредување на Охрид.

Изминатиот викенд беше организирана првата генерлна акција за справување со дивите депонии, во која беа вклуечни сите јавни пратпријатија од градот. За само еден ден беа собрани 260 метри кубни отпад, а беа отстранети девет диви депонии.
Од „Охридски Комуналец“, велат изготвиле акционен план и еднаш месечно ќе организираат „генералки“ за Охрид да биде чист и зелен како што доликува.

„Врз основа на налог на општина Охрид јавното претпријатие Комуналец изготви акционен план за подигнување и расчистување на девет депонии. Подгнати беа 260 метри кубни отпад, учествуваа сите јавни претпријатијаи плус еден економски оператор ангажиран од општина Охрид. Планираме еднаш месечно да имаме ваква акција организирано сите јавни претпријатија се со цел почист Охрид“, вели Сашо Најдески директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Охридското комунално претпријатие се подготвува и за престојната туристичка сезона со цел одржување на градската хигиена на високо ниво, но потребно е да се работи на подигнување на еколошката свест кај населнието.

„Тековно се организираме за празниците и во пресрет на летната сезона.Екипите од паркови и зеленило ги уредуваат парковите, хортикултурно се уредуваат парковските површини. Хигиената тековно се одржува и може да кажам дека сме подготвени да излеземе во пресрет. Треба да се работи на подигнување на еко свеста кај граѓаните, да се посветиме на поголема заштита на животнта средина“, вели Најдески.

Само во изминатите пет месеци на територијата на општина Охрид исчистени се 320 диви депонии од кои 17 распослани на големи површини., подигнати се 1800 м3 отпад. Загрижува тоа што мапираните црни точки, по нивното расчистување повторно се трупаат со отпад од страна на несовесните граѓани.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани