Безживотно тело на 20-годишно момче пронајдено во Охридското Езеро кај Струга
Во СВР Охрид – ОВР Струга вчера било пријавено дека на струшкото крајбрежје, во водите на Охридското Езеро кај „Машка плажа“, било забележано безживотно тело.
Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По преземените мерки, утврдено е дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на околностите под кои настанала смртта.
