Шеснаесетгодишно момче од Струга било физички нападнато во лифт од станбена зграда во градот.
Според информациите од СВР Охрид, на 14 јуни 2026 година во 22 часот во ОВР Струга било пријавено дека околу 20:45 часот во лифт од станбена зграда во Струга, лицето О.О. физички нападнало 16-годишно момче, двајцата од Струга.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
